Во неделата на 30 мај 2010 година, денот кога светата Црква го слави споменот на сите светии, уште наречена Недела на Сите Светии, во манастирот „Сите Светии“ во село Лешани – Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протојереј Темелко Донески, јеромонах Вартоломеј, игумен на манастирот, јереј Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски служеше света архиерејска Литургија. После завршувањето на Литургија во дворот на манастирот, Владиката заедно со останатите свештенослужители извршија мал Водосвет и се благослови и освети празничниот леб. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=624

 

Впечатоци :

Владо Митев

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg  markov.sv.Zlata1.jpg

„Во манастирот посветен на Сите светии се отлужи  благодатна,  прекрасна  Божествена Литургија со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј. Пред празничната иконата за поклонение  чекаа редици од луѓе , кои откако ќе ги запалеа своите свеки и ќе купеа од убавите  икони се упатуваа во редицата која чекаше за влез во манастирот, тивко и без туркање ,без расправии како што е вообичаено кај нас,  се стигнуваше до иконата за поклонение.  Многу луѓе  беа дојдени од разни градови од Македонија, и од странство, за да  по Литургијата,  светениците  им прочитаат  молитви пред манастирската икона на Мајката Божја , за исцеление од  од секакви болести. Чудни се Твоите дела Господи, се си направил премудро.“

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg