Во рамките на посетата на збратимениот град Истанбул, во Република Турција, делегацијата на Советот на град Скопје, во чиј состав беа советниците Анета Стојановска, Александар Бичиклиски, Силјан Јаковлески и  раководителот на сектор за образование Даниела Адамова, на 20. март, имаше несекојдневна чест да биде најтопло пречекана во просториите на Вселенслата Патријаршија, каде оствари едночасовна средба и со Неговата сесветост, Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

На средбата советниците го поканија  Цариградскиот Патријарх да го посети главниот град на Република Македонија , а тој упати благослови  за успешно завршување на започнатото дело.

 

Извор: МПЦ