tome.sv.gorgi3.jpg
Светиот великомаченик Георгиј     16/11/Лето Господово
На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

tome.sv.gorgi.jpg
tome.sv.gorgi1.jpg
Денес, на празникот на светиот великомаченик Георгиј, во храмот посветен на св. Петка во Скопје, отец Томе  отлужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
tome.sv.gorgi2.jpg
tome.sv.gorgi4.jpg
tome.sv.gorgi5.jpg

 „ Црквата е вкоренета во животот, односно во битието на Света Троица: создавајќи го светот, Бог ја имал за цел заедницата на светот со животот на Троичниот Бог. Според тоа, тука станува збор за еклисиологија којашто не се исцрпува во периодот на Икономијата, односно не се исцрпува само во времето меѓу создавањето и есхатонот, туку ги има вечните темели и детерминираноста. “
(повеќе)