sreda.sv.petka6.jpg

 Лето Господово 2010 г.


Господи, ти си одредил покајание за мене грешниот, сакајќи заради Твоето неизмерно милосрдие мене недостојниот да ме спасиш. Припаѓам кон Тебе и Ти се молам: смири ја преку постот мојата душа, зашто како кон покров прибегнувам кон Тебе, Единствен Многумилостив.
Утрена, Чист четврток

 sv.efrem.sirin2.jpgПоуки од Светите отци: Затоа, во кого во срцето се наоѓа лажливост, омраза, осудување, тој претходно нека ја очисти душата своја, па тогаш нека пристапи и пости и се моли. Кој е непријателски расположен спрема својот брат и го исмева, тој прво нека се измири со братот и нека му прости; дури тогаш тој може да се приближи кон Господа.
Свети Ефрем Сирин

  Молитва:
 Господи, во срам и тага се отвораат дверите на моето срце. Помогни ми да ги спознаам моите гревови, укрепи ме и вразуми ме да помолам за прошка. Избави ме од тврдоглавост и срдечна закоравеност и заштити ме, зашто на тебе се надевам. А кога ќе се вселиш во нас, Спасителу, очистувајќи ги нашите срца, никогаш повеќе не нè напуштај. Амин.

 Читања од Светото Писмо:
 Исаија 2, 11-21
 Битие 2, 4-19
 Соломонови Изреки 3, 1-19

  Созерцание: Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото.
Соломонови Изреки 3, 7

Подготви: А.Л.

18. 02. 2010 год


 sv.Agatija.jpg
Светата маченичка Агатија

sv.Agatija.jpg

Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните Света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом ѝ предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги избегне натамошните маки, но на ова невестата Христова му одговори: „Овие маки се многу корисни за мене. Како што пченицата не може да влезе во амбарот пред да се очисти од плевата така ни мојата душа не може да влезе во Рајот ако најнапред телото не е скрушено со маки“. Тогаш мачителот нареди и ѝ ги отсекоа градите, па потоа ја фрлија во затвор. Во затворот ѝ се јави апостолот Петар и ѝ го врати целото здравје на телото. Повторно ја изведоа на мачење и повторно ја фрлија во затвор, каде што Му ја предаде својата душа на Бога, во 251 година, во градот Катана, а во времето на царот Декиј. После смртта на Агатија нејзиниот мачител Квинтијан појде да го приграби нејзиниот имот, но по патот се разбеснеа коњите што ги јаваа тој и војниците, па сиот го изгризаа по лицето, го фрлија на земја и го изгазија со нозете намртво. Толку брзо го стигна казната од Бога за дивото злосторство над Света Агатија.

Друго:

 

markov.sv.Zlata1.jpgВеликопосни Богослужби (14.02.2010)

sv.efrem.sirin1a.jpg

СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)