Stefan.Petkovden.jpg

Монах Саватиј ми покажа и една просторија во која се чуваа илјадници брошури, скечови и шеми по кои се сликаат иконите, особено кога се работи по порачка – секој може да си одбере како би сакал да му изгледа порачаната икона. Навистина, не можеше да им се процени бројот! Но монасите ги имаа внимателно категоризирано по темите, стиловите и местата од каде што потекнуваа. Она што секогаш ме воодушевува кај Русите, посебно кога станува збор за службата кон Бога, е ваквата нивна прецизност и организираност; ова го имам забележано во се што прават за Бога.

Меѓу другите послушанија на монасите спаѓаат и произведување мед, работа во книжарата и манастирската библиотека, одржување на имотот (Манастирот поседува околу 800 акри земјиште!), готвење за браќата и секојдневните посетители итн.


„Ти благодариме Христе, Боже наш, што не насити со Твоите земни блага! Не не лишувај и од Твоето Небесно Царство, но, како што Си дошол меѓу Твоите ученици давајќи им го Твојот мир, така дојди и кај нас и спаси не!“

Во манастирската трпезарија се служи поручек веднаш по Светата Литургија, ручек околу 12 часот напладне и вечера – по вечерната и утрена Богослужба, а кога има Бдение – пред Бдението. Мажите и жените јадат во посебни простории кои се изградени една до друга и ги дели само еден ѕид. Додека се јаде се читаат житија на Светиите за тој ден и не е позволено да се разговара.

     Stefan.Petkovden.jpg


„Вие што во Христа се крстивте, во Христа се облековте. Алилуја!“

Во склоп на манастирот изградена е и крстилница. Во средината има два садови, еден за новороденчиња, а еден, налик на мал бунар, за возрасни. По ѕидовите на Крстилницата се фрескописани теми поврзани со Светото Крштение и слегувањето на Светиот Дух (Крштевањето Христово, покрстувањето на Русија, Благовештение, Руски епископи – новомаченици кои со светата своја крв ја измиле и одново крстиле Русија итн).

Stefan.Petkovden.jpg

(Продолжува)

Подготви: С.Л.

 

Јако да царја

{mp3}Jako_da_carja{/mp3}

Јединородни сине

{mp3}Jedinorodni_Sine{/mp3}

Тропар на воведение

{mp3}Tropar_na_vovedenie{/mp3}

Задостојник

{mp3}Zadostojnik{/mp3}

 

Друго: