vozdvizenie.jpg

Рим, 16 ноември, Apic/Благовест-инфо. Епископот Жан-Мишел ди Фалко, претседател на Европскиот епископски совет за СМИ (Средства за Масовна Информација) изјавил дека интернетот е – посебен свет кој Црквата е повикана да го евангелизира.

Епископот тоа го изјавил во рамките на асамблејата по интернет-култура и коммуникација, која недамна се одржа во Ватикан. Во таа асамблеја зеле учество претставници на интернет-компании како Google, Facebook, Википедија и Youtube.

По зборовите на ди Фалко: Црквата мора да ја учи интернет-културата, како што мисионер ги «учи јазикот и културата на земјата каде што е испратен да проповеда». Епископот потврдил дека Црквата навреме дознала за новите средства за коммуникација, «иако, можеби и предоцна почнала да ги ползува».

„Самиот поим «комуникација» ја изразува суштината на Црквата: зборот «религија» потекнува од латинскиот глагол religare = повторно поврзување, соединување“ – потсетил католичкиот епископ ди Фалко.

 

Извор: http://networkedblogs.com/p18119009