По повод празникот посветен на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан (св. Врачи), во истоимената црква во Охрид се служеше архиерејска света божествена Литургија со која чиноначаслствуваше Митрополит г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. По завршувањето на божествената Литургија, Владиката заедно со свештенослужителите ги благослови и прекрши празничните лебови, а потоа во дворот на храмот се изврши мал Водосвет.


 

 

 Известува : ѓакон Николче