(Продолжение)

.....Овој свет Храм има три Олтари. Главниот Олтар е посветен на иконата на Пресвета Богородица „Радост на сите ожалостени“.

Esen.manastir1.jpg


Инаку, денот на празнувањето на оваа икона (6 Ноември) е поврзан со едно чудо. Во 1648 година, Ефтимија, сестрата на Московскиот Патријарх Јоаким, страдала од страшна рана, која била толку голема што се гледала нејзината внатрешност. На 6 ноември Ефтимија се причестила со Светите Христови Тајни и со голема вера се помолила на Пресвета Богородица. Како одговор, таа чула глас кој и рекол да побара да се отслужи Молебен со Водосвет пред иконата „Радост на сите ожалостени“ која се наоѓала во Храмот Преображение во Москва. Иконата била донесена кај болната и по Молебенот таа добила целосно исцеление. Денот на тоа чудо постанал и ден на празнувањето на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите ожалостени“.

Десниот Олтар е посветен на Светиот Николај – Мирликијски чудотворец, кој е длабоко почитуван од Рускиот народ.

 Esen.manastir1.jpg

Левиот Олтар е посветен на големиот Светител на дваесеттиот век – Светиот и праведен Јован Кронштандски.

    Esen.manastir1.jpg   Esen.manastir1.jpg

Достојно и праведно е овде да се спомене и дека најголем придонес за канонизацијата на Светиот Јован Кронштадски имал токму Светиот Јован Шангајски и Сан Франциски! Тој уште како јеромонах во нашата Битола, заедно со Светиот Николај Охридски и Жички, се залагал за вбројувањето на Св.Јован Кронштадски во редот на Светителите. Оваа негова огромна желба, Бог ја исполнил во 1964 година. Канонизацијата била извршена токму во овој Храм.

Esen.manastir1.jpg

  Појасот на Свети Јован Кронштадски


Секој кој имал прилика да го посети, може да потврди дека Храмот „Радост на сите ожалостени“ е ризница на Светињи. Секако дека овде првенствено ќе ги спомнам пречесните и нетлени мошти на Светиот Јован Шангајски, за кои подоцна поопширно ќе зборувам.


Друга голема светиња во овој Храм е и огромната икона на Царските Маченици (Цар Николај, Царица Александра и чедата Алексеј, Олга, Татијана, Марија и Анастасија).Иконата е насликана од Архиепископот Чикашки и Средно-Американски Алипиј, а во неа е вградена помала икона со медаљон во кој се наоѓа честица од ѕидот натопен со крвта на Светите Маченици (тој ѕид бил дел од собата во која мачениците биле брутално убиени).

Esen.manastir1.jpg

Кивотот на Светиот Јован и иконата на Царските маченици се наоѓаат од десната страна на Храмот.

На левата страна се наоѓаат и други светињи. На ѕидот се поставени икони на светители меѓу кои и свети Тихон, св.Јован Тоболски и светите Оптински отци кои имаат вградени мошти.

Esen.manastir1.jpg

(Продолжува)

Подготви: С.Л.

Друго:


Храмот на св. Јован Шангајски – „РАДОСТ НА СИТЕ ОЖАЛОСТЕНИ“

  Храмот на св. Јован Шангајски – „РАДОСТ НА СИТЕ ОЖАЛОСТЕНИ“ (2)