Во XXI недела по Педесeтница, кога се слави споменот на Преподобен Прохор Пчински и преподобен Јован Рилски, во манастирот на св.Прохор Пчински се отслужи света Литургија, на која верните се причестија со светите дарови Христови.

Богоносен оче наш, Прохоре, си се јавил како жител на пустината. Ангел во тело и чудотворец. Откако преку пост, бдение и молитва прими небесни дарови, ти ги лекуваш болните и душите на оние што со вера ти пристапуваат. Слава на Оној што ти дал сила, слава на Оној што те овенчал, слава на Оној што преку тебе сите ги лекува.

 

 

 

 

 

 

Извор: Манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија