vozdvizenie.jpg

По повод храмовиот празник, во катедралната црква на Руската Задгранична Православна Црква во Дес Плеинес, Илиноис – “Покров на Пресвета Богородица“ во Вторник, 13-ти Октомври 2009 ќе биде донесена чудотворната и мироточива икона на Пресвета Богородица – “Омекнување на зли срца“. Пречекот на иконата ќе биде во 18 часот навечер, а Бдението во очи патрониот празник на црквата – Покров на Пресвета Богородица ќе започне во 18.30 часот навечер.

Празничната Света Литургија ќе започне во 9 часот наутро, на 14-ти Октомври, повторно во присуство на чудотворната и мироточива икона.

Иконата на Пресвета Богородица – “Омекнување на зли срца“ ги смирува непријателите и сите оние кои со зли мисли се настроени кон нас. Ова е извонредна и ретка прилика да се поклониме пред една ваква светиња која е со посебен повод донесена во САД од Москва. Таа ќе биде поставена за поклонување и целивање само во Вторник вечерта и во Средата за време и по Божествената Литургија.


Адреса на црквата:

Holy Virgin Protection Cathedral
1800 Lee Street
Des Plaines, IL 60018
Phone: 847-824-0971
http://english.holyvirginprotection.org/   

 


Известува Сашо Лазарески (МПЦ “Св. Петка“ – Чикаго)