Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 18)

Рече Господ: „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. Затоа ви велам: немојте да се грижите за душата - што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото - од облеклото? Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот? Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!? Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придаде.“


Trajce.Amon.jpg

14. 06. 2009 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица, Скопје

Trajce.Amon.jpg

Во третата недела по Педесетница, кога Светата Божја Црква го празнува  светиот пророк Амос,  преподобниот маченик Дула, и блажениот Августин, епископ Ипонски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје,  се отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со  Светите Хриастови Тајни.

Trajce.Amon.jpg

Trajce.Amon.jpg

Trajce.Amon.jpg

Trajce.Amon.jpg

Trajce.Amon.jpg Trajce.Amon.jpg

 Trajce.Amon.jpg

Trajce.Amon.jpg

Trajce.Amon.jpg

Trajce.Amon.jpg


Trajce.Amon.jpg

Посети: {moshits}