markov.prezde.jpgПроливајќи срдечни солзи, да запееме со зборовите на Блудницата, Тебе, Отче и Боже на сите, да Ти припаднеме говорејќи: Ти згрешивме, отстапувајќи од Тебе и се направивме робови на похотите, прими го нашето покајание.
Утрена, втора недела од Постот

sv.Grigorij.Palama1.jpg 

Поуки од светите отци: Него ќе го славите како Бог, единствено Него, Царот и Творецот на сите твари; за Него ќе се држите и Нему ќе му се враќате од своите прегрешенија знајни и незнајни, дење и ноќе.
Свети Григориј Палама

Молитва:
Ти, кој вистински нè познаваш, Господи, и гледаш дека сме немоќни сами себе да си помогнеме. Дај ни сила и духовен разум да се одбраниме од лошите помисли и дела, од сè и секој кој ни го попречува нашиот труд повторно да Те најдеме на патот преку Чесниот Пост.

Читање од Светото Писмо:
Исаија 6, 1-12
Битие 5, 1-24
Соломонови Изреки 6, 3-20

  Созерцание: Свет, свет, свет е Господ Саваот! Сета земја е полна со Неговата слава!
Исаија 6, 3

Подготви: А.Л.


oд Православен календар на МПЦ  

Свети Порфириј, епископ Гаски     11/03/2009

Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во Мисирската пустина. Под раководство на опитен духовник младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. После ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Ерусалим пет години, но тогаш расслабе во нозете и не можеше да оди. Сепак, ползејќи на колена постојано ги посетуваше Божјите служби. Една ноќ му се јави во видение Самиот Господ и го исцели од болеста во нозете и стана сосем здрав. Кога го избраа за епископ во Газа Порфириј ја прими таа должност со тешко срце. Во Газа затекна само двесте и осумдесет христијани; сите други жители беа идолопоклоници, и тоа фанатици. Само со својата голема вера и трпение Порфириј успеа да ги приведе Газаните во Христовата вера. Мораше лично да патува во Цариград кај царот Аркадиј и кај патријархот Јован Златоуст за да бара потпора во нерамната борба со идолопоклониците. Бараната поддрша ја доби. Идолските храмови беа затворени, идолите урнати, а тој изгради прекрасна црква со триесет меремерни столбови. Ѕидањето на овој храм особено го помогна царицата Евдоксија. Порфириј поживеа доволно долго за да го види целиот град Газа обратен во христијанската вера, но дури после неговите долги и тешки напори, страдања и плачни молитви кон Бога. Се упокои мирно во 421 година. Беше чудотворец за време на животот и по смртта. Моштите и денес му почиваат во Газа.

Светиот маченик Јован Калфа     11/03/2009

Овој светител се роди во Галата во Цариград. По занимање беше ѕидар („калфа“ значи „ѕидар“). Заради усрдното исповедање на христијанската вера се замери со Турците и тие почнаа да го присилуваат да се потурчи. „Не сакам да се одречам од мојот сладок Исус Христос“, им одговараше. „Во Него верувам, Нему Му служам, Него Го исповедам“. После тешки мачења Турците го заклаа на 26 февруари 1575 година во Цариград. Чесно пострада за љубениот Господ и се пресели во Неговите небесни дворци.

 

 

 

 

Посети: {moshits}