Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел започна соработка помеѓу Повардарската епархија и Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа-Велес (ЗРД-ЗЦП).

 Deca.bolni.jpg

 Deca.bolni.jpg

 Во рамките на соработката досега се остварени две средби во просториите на црковната кујна во Велес, а се предвидени уште многу на кои ќе се обидеме со помош на сите благочестиви христијански души кои ќе го помогнат овој проект да им помогнеме на родителите и овие дечиња за подобрување на состојбата во која се наоѓаат.

 Deca.bolni.jpg


Во рамките на овие две остварени средби родителите на овие дечиња кои боледуваат од церебрална парализа не запознаа со условите во кои живеат, како и со сите видови на помош која ја добиваат од страна на државните социјални институции. Таа помош наменета за овие дечиња е сепак недоволна и затоа подоле ќе истакнеме листа на потребни средства за овие дечиња и се надеваме дека ќе успееме со ваша помош да им обезбедиме барем дел од тие потребни средства и барем малку да ја подобриме нивната здравствена и социјална состојба.
  
Потребни средства за децата:
 
Боци со кислород
 
Памперси
 
Облека
 
Лекови
 
Храна
 

 Deca.bolni.jpg

Доколку сте во можност да обезбедите некое од овие потребни средства Ве молиме да се јавите во просториите на Повардарската епархија на тел. 043 221 231 и заедно да се координираме и да им помогнеме на овие дечиња.

       Хендикеп значи оганичување во телесните функции, менталните способности или психичкото здравје на лицето, а со самото тоа и негово ограничено учество во општествениот живот. Церебралната парализа е состојба која настанува со примарно оштетување на ЦНС во развојниот период, а се карактеризира со пореметувања на моториката и отежнато движење до степен на неподвижност, следени со интелектуални, сензорни и емоционални пореметувања.

    Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа-Велес (ЗРД-ЗЦП) постои 12 години и во него членуваат 50 лица со ЦП и членови на нивните потесни семејства. Здружението работи на разрешување на проблемите на кои наидуваат лицата со церебрална парализа (ЦП) и нивното потесно семејство, поттикнување на иницијативи од различен вид на локално и национално ниво, активирање на лицата со ЦП во нивното социјално и културно живеење и остварување на нивните права.

 Deca.bolni.jpg

Посети: {moshits}