Архиерејска Божествена Литургија (28.08.2007)


sinkli7.jpgsinkli8.jpgПразникот на Успението на Пресвета Богородица во Дебарско-кичевската епархија се прослави со свечена Архиерејска Литургија во црквата на Пресвета Богородица - Каменско во Охрид, црква на која денес ѝ беше и храмов празник.
Со Светата Литургија чиноначалствуваше Владиката дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со повеќе свештенослужители од епархијата. Кон присутниот верен народ, којшто во огормен број беше присутен на богослужбата, Владиката се обрати со празнично слово.

 sinkli9.jpgПрисутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Потоа Владиката и свештенослужителите во дворот на црквата ги благословија и ги прекршија празничните лебови и извршија Водосвет.

Известува: о. Игор Никовски