blagica.m3.jpg

blagica.m.jpg

blagica.m2.jpg

Денес, 10. 10. 2008 година, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Калистрат, светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон, во храмот посветен на св.Петка, во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија.

Верниот народ се причести со Светите Тајни Хрисови.

blagica.m5.jpg

Evang.Marko.jpgСвето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 53)

Рече Господ во приказна: „Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде. А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен. И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен. Испрати и друг; него, пак го убија; и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија. Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: ,Ќе се засрамат од сина ми.’ Но лозарите си рекоа помеѓу себе: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.’ И како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други. Зар не сте читале во Писмото: ,Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!“ И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа.

blagica.m4.jpg

blagica.m8.jpg

 Светиот маченик Калистрат

Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Пилат Понтиски во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така по време и Св. Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои од неговите другари го видоа Свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните. За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Клаистрат веднаш се откажа. Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето. Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Клаистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат. Во затворот Св. Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив. Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија Св. Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304 година. Врз нивните мошти подоцна е подигната црква.

Светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон

Од Седумдесеттемина. Свети Марко поинаку е наречен Јован. Во куќата на неговата мајка Марија во Ерусалим Светите апостоли се собираа на молитва (Дела 12, 12). Тој го проповедаше Евангелието заедно со апостолите Павле и Варнава (Дела 12, 25). Потоа беше епископ во градот Вивлос. Свети Аристарх му беше сопатник на Св. апостол Павле (Дела 16, 29), беше епископ во Апамеја Сириска. Свети Зинон или Зина, наречен од апостолите законик (Тит 3, 13), беше епископ во Лид Палестински. Блескаа како ѕвезди во темнината на незнабоштвото и мнозина обратија во верата Христова. А сега блескаат во Царството на љубениот Христос.

Светата маченичка Акилина

Од селото Закливери во Едренската епархија, осумнаесетгодишна девојка. Татко ѝ се потурчи, па ја присилуваше и нејзе. Но мајка ѝ ја поддржуваше во Христовата вера. После многу мачења, целата во крв и рани, издивна на рацете на својата мајка и прими венец на мачеништво на 27 септември 1764 година.

blagica.m6.jpg

blagica.m11.jpg

blagica.m7.jpg

Посети:{moshits}