Branislav.S.sv.Joanikij 

Скопје,24ти јануари 2024 г..- Соборен храм на празникот на

† Преп. Јоаникиј Ракотински; прeп. Тeoдoсиј Вeлики

Протопрезвитер Бранислав Стојанчов отслужи Бпжествена Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Branislav.S.sv.Joanikij3

 Branislav.S.sv.Joanikij7

 Branislav.S.sv.Joanikij9

Branislav.S.sv.Joanikij11

 "Свети Јоаникиј Ракотински достигнал совршено трпение: се победил себеси, своето гревовно јас, па затоа можел лесно да ги претрпи сите надворешни искушенија. И не само тоа, туку преку несоздадените Божји енергии, тој станал едно живо евангелие, орган на Светиот Дух, живеалиште на Светата Троица. Станал голем чудотворец и за време на животот и по неговото блажено во Христа упокојување. Чудесен бил самиот негов живот, чудо биле исцеленијата на болестите што ги вршел, чудо биле неговите пророштва што се овистиниле, чудо било неговото нераспадливо тело, чудо е како тој им се откри на монасите во поново време и како повторно беше прославен од земската Црква; чудо е неговото денешно дејствување, преку неговите молитви пред Светата Троица. Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што денес почива најголемиот дел од моштите на Преподобниот, благочестиви свештеници секојдневно ги запишуваат чудесата што стануваат од тие мошти. И во нашиот манастир досега се случија многу чудеса преку неговите благоухани мошти."
Епископ Партениј, Игумен Бигорски

 Branislav.S.sv.Joanikij10

 Branislav.S.sv.Joanikij6

 Branislav.S.sv.Joanikij2

 Branislav.S.sv.Joanikij1

Со вакви пофални песни и величанија притекнатиот верен народ му пееше на бесребреникот и исцелителот кој лекувал душевно и телесно, лингвистот и учителот во тогашните црковно - народни училишта, богоугодниот архимандрит Јоаникиј од манастирот Св. Илија во с. Ракотинци, Скопско.

 Branislav.S.sv.Joanikij5

 Branislav.S.sv.Joanikij8

Branislav.S.sv.Joanikij13

 Branislav.S.sv.Joanikij12

preminportal.com

(k.t.)

 Акатист
на преподобниот отец наш
Јоаникиј Ракотински (.PDF)

Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА

 Branislav.S.sv.Joanikij4