Borislav.Vodokrst2

Скопје,18.01.2024 год: храм Рождество на Пресвета Богородица

-на празникот на Навечерие на Богојавление (Водокрст)

 

На 18.01.2024 година,  ден пред големиот христијански празник Богојавление - Водици, на празникот наречен Водокрст, кога Црквата го празнува споменот на преподобна Синклитикија, светите маченици Теопемт и Теона и светиот пророк Михеј I,  во  храмот Рождество на Пресвета Богородица- Скопје, свештеникот Борислав Лазов во сослужение на ѓаконот Благоја Ристевски  отслужи Утрена богослужба, Царски часови, Вечерна со Василиева Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. А после задамвонта молитва се направи Голем Богојавленски водосвет.

.

 

 „Водосветот се нарекува голем, заради посебната торжественост на обредот, проникната со спомнување на евангелскиот настан, кој станал не само праобраз на таинственото миење од гревовите, ни и вистинско осветување на самата природа на водата преку потопувањето во неа на Бог во тело. Таа вода се нарекува Агиазма, или едноставно Богојавленска вода. Под влијание на Ерусалимскиот типик, од 11-12 век, водосветот се прави два пати – и во Богојавленскиот сочелник (Водокрст) и непосредно на празникот Богојавление. Осветувањето во двата дена се прави со истиот чин, затоа водата, осветена во тие денови, во ништо не се разликува.“

 

 

 

 

 Друго:

38.machenici1