Vichko.Doce.sluzba16

Скопје, 12.07.2023 г.--храмот на св.Петар и Павле, н. Лисиче

Vichko.Doce.sluzba1

 Vichko.Doce.sluzba2


Во 5-тата  недела по Педесетница, на празникот на Петровден, во црква на св.Петар и Павле  во населбата Горно Лисиче- во Скопје, свештеникот Вичко Гошевски,старешината на храмот Доце Сиљаноски и игостинот од Канада, отец Благој, отслужија   Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Vichko.Doce.sluzba3

Vichko.Doce.sluzba

 Vichko.Doce.sluzba12

 Vichko.Doce.sluzba5

 Vichko.Doce.sluzba6

Свети Апостол Петар
Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана неустрашлив и снажен проповедник на Евангелието. После една негова беседа во Ерусалим се обратија околу три илјади души.
Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирика и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните. Имаше голема борба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за Бог, а всушност беше слуга сатанин. Најпосле го посрами и го победи. На заповед на свирепиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на смрт.
Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими смрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ.☦

Vichko.Doce.sluzba4

Vichko.Doce.sluzba7

 Vichko.Doce.sluzba9

 Vichko.Doce.sluzba10

Vichko.Doce.sluzba11

 Vichko.Doce.sluzba15

 Vichko.Doce.sluzba13

Vichko.Doce.sluzba14

 Preminportal (k.t.)