Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Радишани
На 3.7.2023 година, во денот кога Црквата го прославува светиот отец наш Наум – Охридскиот Чудотворец и основоположник на словенското монаштво, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Света Архијерејска Литургија во храмот посветен на свети Наум во скопската населба Радишани.
Многубројниот верен народ којшто го беше преполнил храмот се причести со светите Христови Тајни.

 

 

 

 

 

https://mpc-spe.mk/