TVIT371

На 31ви  март    2023 година, во неделата на св.Јован Лествичник, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го прослави споменот на св.Кирил Ерусалимски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје,ереј Игор Димитриевски  во сослужение  на ѓаконот Благоја Ристевски отслужи Литургија на претходно осветени дарови. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

И во овој петок се направи Мал петочен водосвет, а молитви за здравје на верниот народ упати свештеникот Сашо Додевски.