„Православен календар“ – нова верзија на Андроид апликацијата за 2023 година (01.01.2023 14:59)


Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, од денес, 1 јануари 2023 година,

достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2023 година,,

во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.

И оваа година, како и претходните години, апликацијата содржи: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија и тропари на светителите, како и за сите празници. Во најскоро време обновената верзија на апликацијата ќе биде достапна и за IOS.

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7726

1ви јануари 2023 лето Господово