TViTer415


сабота, 17 септември 2022
Известување


Браќа и сестри,
Во вторник, на 20.09.2022 година, во навечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.
Ги покануваме сите верни чеда да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

Извор:

http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/litija-2022/