TViTer87

„На многу фрески низ нашите православни храмови може да се забележи една несекојдневна, но многу впечатлива сцена, на која фрескописецот мошне вешто ги преточил во слика Христовите зборови кои ги слушнавме во денешното Евангелско четиво. Всушност, на тие фрески е претставен Страшниот Суд каде шго Господ Исус Христос иајпрво гледа надесно и им се обраќа на оние, кои се од таа страна: „Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот" (Матеј 25: 34), а другата фигура на Спасителот е свртена кон оние, кои стојат од левата страна и го слушаат страшниот приговор: „Одете од Мене; проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели" (Матеј 25: 41). На првата фигура од Христовото лице излегува светлина и љубов, а Неговите две раце се испружени напред, како да сака да ги прегрне оние, кои живееле според Неговите заповеди, а на втората фигура Христовиот лик е строг и од Неговите очи не излегува еветлина.
Гледајќи ја оваа фреска веднаш треба да се потсетиме на зборовите од апостолот Јован кога безусловно и едноставно тврди дека „Бог е љубов“ (1. Јов. 4: 8). Потврда на ова е и фактот што „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јован 3:|16). Земниот подвиг на Господ Исус Христос е подвиг на љубовта. Самиот Он го надмииал и највисокиот степен на љубовта, зашто Он не умрел за пријателите, туку за непријателите, зашто секој грев е непријателство против Бога. Но, во таа Христова крсна смрт не е откриена само Божјата љубов, туку и законот на Божјата правда.“