Spase.T.Verigi2

 Скопје, 29ти јануари  2022 лето Господово- храм Рождетво на Пресвета Богородица

Spase.T.Verigi2

Тропар на поклонението на
Чесните вериги на Светиот
Апостол Петар

16 јануари / 29 јануари

Не оставајќи го Рим при нас си дошол,
со чесните вериги што си ги носел,
првопрестолен меѓу апостолите.
Ним со вера поклонувајќи им се
ти се молиме: по твоите кон Бога молитви,
дарувај ни голема милост.

 

На празникот на

† Чесни вериги на св. ап. Петар; св. Ромил Видински

  Во 31недела по Педесетница (по Богојавление), на 29ти јануари    2022 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на † Чесни вериги на св. ап. Петар; св. Ромил Видински, во храмот на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски  отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа од денешното житие.

 Spase.T.Verigi7

 

Од Верскиот календар:

vozdvizenie.jpg

Чесни вериги на Светиот апостол Петар

Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради црква на Св. апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон.

 

 Spase.T.Verigi5

Spase.T.Verigi8

Spase.T.Verigi

Spase.T.Verigi9

 Spase.T.Verigi1

38.machenici1

Spase.T.Verigi10

Spase.T.Verigi6

Spase.T.Verigi4

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго:

 38.machenici1