вторник, 28 декември 2021
Промоцијата на монографијата „Возобновителот“

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


На 27.12.2021 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, имаше свое обраќање пред присутните на промоцијата на монографијата Возобновителот, издадена во чест на двојниот јубилеј на блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј – 115 г. од Неговото раѓање и 40 г. од Неговото упокојување. Ова врвно дело е издадено од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, а подготвено во сотрудништво со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и со Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, а го промовираа, Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент и проф. д-р Митко Панов од Институтот за национална историја. Гостите ги поздрави и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски.

 На промоцијата, одржана во малата сала на Македонската филхармонија, присуствуваа и Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагонсиски г.Петар, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Европски г. Пимен, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј и Митрополитот г. Јосиф, како и Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, Бискупот на Скопската бискупија, монсињор г. Киро Стојанов, претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, деканот на Богословскиот факултет проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, Националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка г. Роберт Алаѓозовски, како и мнозина професори, свештеници, студенти и богослови.

 

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Извор:

http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/vozobnovitelot-2021/

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Друго:

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel