3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 22:1-14

1.     И одговарајќи, Исус пак им говореше во параболи и рече:
2.     Царството небесно прилега на човек цар, кој направи свадба на сина си,
3.     и ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие нејќеа да дојдат.
4.     Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: »Ете, приготвив јадење; јунците мои и сe што е угоено се заклани, и сe е готово; дојдете на свадба!«
5.     Но тие не сакаа да знаат за тоа, а си отидоа: кој на нива, кој по трговија;
6.     а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмеаја и ги убија.
7.     Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град.
8.     Тогаш им рече на слугите свои: »Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
9.     Затоа одете по раскрсниците и, колку души ќе најдете, поканете ги на свадба!«
10.     И како излегоа слугите на раскрсниците, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.
11.     Кога влезе, пак, царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбени алишта.
12.     Па му рече: »Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?« А тој молчеше.
13.     Тогаш царот им рече на слугите: »Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби;
14.     зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани«.”

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 1:21-24;2:1-4

21.     Бог е Оној, Кој нe утврди со вас во Христа и нe помаза;
22.     Он и нe запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши.
23.     А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа, дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега;
24.     но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме помагачи на вашата радост, бидејќи во верата вие сте тврди.
1.     И така, решив во себеси да не доаѓам при вас со жалост,
2.     зашто, ако јас ве нажалам, тогаш кој ќе ме зарадува, ако не оној, кого сум го ожалостил?
3.     Тоа исто и ви го напишав, та, кога ќе дојдам, да не ме огорчат оние, кои треба да ме зарадуваат; бидејќи сум уверен во сите вас дека мојата радост е радост и за сите вас.
4.     Оти од многу грижи и од тага на срцето ви напишав со многу солзи, не за да ве огорчам, туку зада ја познаете преголемата љубов, што ја имам кон вас.

Поука на денот: Преподобен Мојсеј Мурин
Не биди во непријателство со ниту еден човек и не го задржувај непријателството во срцето свое. Тоа е мир.