Литургиска прослава на Илинден во храмот „Свети Илија“ во Аеродром


Денес, на 02.08.2021 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророкот Илија – Илинден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Пројчевски.

По Литургијата беше отслужена Панихида за сите борци кои ги дадоа своите животи за независна Македонија.

 

 

 

 

http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/ilinden-2021/