ivica.veronauka.jpgНа 15.08.2008 година, во просториите на Младинскиот Културен Центар со почеток во 11 часот, се одржа трибина, во организација на ВМРО - ДПМНЕ со унијата за млади сили и др. На трибината присуствуваше, односно збореше презвитерот Ивица Тодоров, одговорен за мисионерско- просветната дејност на Скопската епархија при Македонската Православна Црква.

Исто така, учесници на оваа трибина беа:  Илија Лешковски, Милка Колева, и Александар Кирковски.

 Трибината ја започна отец Ивица Тодорот, зборејќи на повеќе теми:
Идентитет
- Искуство
- Реалност
- Што е Христијанство?
- Избор.

ivica.veronauka2.jpgПред сè главна тема беше учењето на веронауката во училиштата, одзивот на децата кон неа како и нивните родители, изборот за веронаука или историја на религиите.

“Верата не претставува суеверија. Религијата не учи дека целта ги оправдува средствата...”- рече во својот говор Милка Колева. Од оваа година во петто одделение ќе се учи предметот веронаука двапати во неделата. За да се формира паралелка, потребно е да има најмалку 15 деца рече Лешковски. Тој уште наведе повеќе точки т.е. наслови кои како лекции ќе се изучуваат во основните училишта по предметот веронаука и тоа:

1. Библијата како темел на христијанската вера.
2. Вовед во веронауката.
3. Библијата како книга над книгите.
4. Верата е таа која не поврзува сите и др
.

По завршувањето на говорот кој што го зборуваа учесниците, се дискутираше и се поставуваа прашања од страна на посетителите на оваа трибина.

По молитвите на Пресвета Богородица, свети Климет и сите светии, Бог да го просвети нашиот народ со вистинската вера во Исуса Христа и постојано да Му благодари за Неговите добрини!

 ivica.veronauka1.jpg

 

 

 

 

 

 

Известува: Стојанче Андов

Посети:{moshits}