38.machenici1

 38.machenici1

 VIDEO

38.machenici1

 

Во книгата на пророкот Даниил читаме: “Затоа царе, нека ти биде благоугоден мојот совет; откупи ги гревовите свои со правда, и беззаконијата твои - со милосрдие спрема бедните; ете, со тоа може да се продолжи твојот мир” (Дан. 4, 24). A можеби ти ќе речеш: “Јас немам пари, на како можам да му помогнам на сиромавиот?”- Ако немаш пари, а имаш желба да му помогнеш, можеш да му помогнеш и на друг начин, а ако имаш пари, откажи се од нив и помогни му на твојот ближен кој е во тешкотии. Ако, пак, не можиш да правиш милостиња со твојата телесна рака, прави ја со она со што можеш, прави му добро со твојата добра волја, според зборовите на Господа: “Ако згреши против тебе братот твој, прости му” (Лука 17, 3). Toa што ќе го направиш за твојот брат ќе биде голема милостиња од тебе за него. Ако ние бараме од Бога да ни ги прости нашите гревови, и ние треба да им простуваме на оние што ни згрешиле, за да се исполнат евангелските зборови: “Проштавајте и ќе ви биде простено" (Лука 6, 37). Голема работа е, кога некој има пари, да им дава милостиња на сиромасите, но да им ги простуваме на ближните нивните прегрешенија против нас e поголемо и поважно за простување на нашите гревови, колку што е и душата поскапоцена во споредба со телото. Ако ние, молејќи Му се на Бога да ни ги прости нашите гревови, многупати сме го добиле она, за што сме Му се молеле, и не сме претрпеле никаква казна за нив, а ние не сакаме оние што ни згрешиле да ги направиме учесници на овој дар, со тоа стануваме слични на оној лош слуга, кој, откако добил од својот господар простување на голем долг - десет илјади таланти, на својот другар, кој му должел само сто пенези - не сакал да му ги прости, на кој и Господ, како да се суди со него според законот, па му рекол: ”ʽЛукави слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше; не требаше ли и ти да се смилиш над својот другар, како што се смилив и јас над тебе?ʼ И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот свој долг. Така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си” (Матеј 18, 32-35).
Свети Марко Подвижник