Aleksandar.N.sv.Haralampij

Скопје, 26ти март  2021 лето Господово- храм на Рождетвона Пресвета Богородица

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 5:32;6:2-8

32.     Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета.
2.     тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени.
3.     И рече Господ Бог: „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.”
4.     А имаше во тоа време џинови на земјата, особоно, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваа при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време.
5.     И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време.
6.     И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое.
7.     И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.”
8.     Но Ное најде милост пред очите на Господа Бога.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 6:20-35;7:1

20.     Синко, пази ја заповедта на татка си и не отфрлај поуката на мајката своја;
21.     врзи ги засекогаш за срцето свое, врзи ги околу вратот свој.
22.     Ако тргнеш, тие ќе те раководат; ако легнеш да спиеш, ќе те пазат, ако се разбудиш, ќе разговараат со тебе;
23.     зашто заповедта е светило, и поуката – светлина, а опомената – пат кон животот,
24.     за да те пазат од расипана жена, од ласкав јазик на туѓа.
25.     Не ја посакувај убавината нејзина во срцето свое, за да не бидеш уловен преку очите свои и да не те вовлече со трепките свои,
26.     зашто поради жена блудница човекот паѓа до корка леб, а жена прељубодејка уловува многу чесна душа.
27.     Може ли некој да носи оган во гради, а да не се запали облеката негова?
28.     Може ли некој да оди по вжарени јаглења, а да не ги изгори нозете свои?
29.     Истото тоа станува и со оној, кој влегува кај жена на ближниот свој; кој и ќе се допре до неа, нема да остане без вина.
30.     Не му проштеваат на крадецот, ако краде за да си ја насити душата, кога е гладен;
31.     ако го фатат, тој плаќа седумпати повеќе, го дава целиот свој имот.
32.     Кој, пак, врши прељуба со прељубница, тој нема ум; си ја погубива душата своја, оној што врши тоа;
33.     биење и срам ќе најде тој, и бесчестието негово нема да се избрише,
34.     зашто љубомората е јарост на мажот, и во денот на одмаздата своја – тој не ќе знае за милост,
35.     нема да прими никаков откуп и нема да се задоволи ни со многу подароци.
1.     Синко, пази ги зборовите мои, и сокриј ги во тебе заповедите мои. Синко, почитувај Го Господа, – и ќе се зацврстиш и, освен од Него, не се плаши од никого.


Aleksandar.N.sv.Haralampij
 
     Aleksandar.N.sv.Haralampij


  Aleksandar.N.sv.Haralampij


  Aleksandar.N.sv.Haralampij


 На 26ти март 2021 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прoслави споменот на Пренос на моштите на св.Никифор Цариградски,ереј Игор Димитриевски сослужение на ѓаконот Благоја Ристевски отслужи  Литургија на претходно осветени дарови во храмот Рождество на Пресвета Богородица. На  Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата, и во овој петок во храмот се направи Мал петочен водосвет.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Мал петочен водосвет:

„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 

Што е тоа водосвет?

3.angeli.so.truba

Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“

3.angeli.so.truba

Света вода - во што е нејзината сила?

 26ти март 2021 лето Господово