image

Вечерната богослужба и осветење на новиот конак на западниот дел од Лешочкиот манастир

image

image

На 30.01.2020 Вечерна богослужба на празникот св.Атанасиј во Лешочкиот манастир богослужеше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештенството на Тетовско-гостиварската епархија. По вечерната богослужба беше осветен новиот конак на западниот дел од манастирот. Со пригодна беседа се обрати митрополитот г. Јосиф кој рече дека ова е голем и радосен настан за Лешочкиот манастир кој оваа година одбележува 250 години од раѓањето на нашиот голем духовник, преродбеник, учител игуменот Кирил Пејчиновиќ кој почива токму во дворот на манастирот. Митрополитот заблагодари на сите кои ја помогнаа изградбата и истакна дека секогаш ќе бидат спомнувани во молитвите како ктитори кои го помогнале овој значаен манастир во Полошкиот регион..

image

 image

 image

 image

 image

 image

 image

 image

 Извор:

http://www.mpc.org.mk/mpc-aktuelno.asp