По повод големиот национален и верски празник Илинден, во манастирот посветен на свети Георгиј Победоносец во с. Кнежино – Кичевско, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит г. Тимотеј во сослужение на архимандритот Нектариј, протојереј-ставрофор Ѓорѓија Лапоски, свештеникот Зоран Данев, свештеникот Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Божествената Литургија беше прочитано и Илинденското послание на Архиепископот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство г.г. Стефан. По отслужената Света Литургија, во храмот се освети и прекрши празничниот леб, а се изврши и мал Водосвет.

 

  

 Известува: ѓакон Николче Ѓурѓиноски

Посети:{moshits}