3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

По повод големиот јубилеј 1000-годишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во соработка со нашата богочувана Дебарско-кичевска епархија и со Бигорскиот Манастир, организираа изложба на древни икони и црковни предмети од богатата манастирска ризница: „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“

Изложбата ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во присуство на претставници на Владата, дипломатскиот кор, како и митрополити на МПЦ-ОА, и тоа: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј. Присутни беа и повеќемина свештеници на нашата света Црква. Свое пригодно слово имаше и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

„Неговото Блаженство посебно истакна дека треба „да создаваме вредности што ќе се продолжеток на минатите славни времиња… да создаваме дела што ќе останат да траат и по нас, а такви се само оние кои се создавани во слава на Бога и Неговите светии. Зашто, ако вистински се грижиме за создаваното пред нас — како да создаваме ново!
Честитајќи го 1000-годишниот јубилеј на Бигорскиот манастир му посакуваме да му се множат годините и вековите!“

Од уметничката ризница на Бигорската Обител беа изложени икони и свештени предмети, коишто потекнуваат од 16, 17, 18 и 19 век, како и вистинскиот раритет — трите хартиени (графички) икони и двостраната графичка бакрорезна плоча клише за печатење на овие икони. Како посебна историска драгоценост беа изложени прекрасни свештенички одежди, изработени во бигорската шивалница, во втората половина на 18 век.

Имајќи ја во предвид децениската соработка со оваа највисока научна институција во државата, нашата свештена Обител срдечно им се заблагодарува на нејзиниот Претседател г. Љупчо Коцарев и на сите нејзини членови кои дадоа свој придонес за достојна прослава и промоција на јубилејот 1000 години од основањето на Бигорскиот Манастир, чијашто централна манифестација ќе се одржи на 18 октомври.

 

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Изложбата ќе биде отворена секој работен ден до 1 ноември, од 11 до 18 часот.


3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Извор:

https://bigorski.org.mk/vesti/nastani/izlozhba-na-sveshteni-predmeti-od-riznicata-na-bigorskiot-manastir-vo-manu-vo-chest-na-1000-godishninata/

 

- Бигорски манатир

- Скопска епархија

-Преминпортал

 

 Друго:

 3.angeli.so.truba

 

  •  ФОТО ГАЛЕРИЈА