3.angeli.so.truba

 Скопје, 13ти јули 2020 г.- храм Рождество на Пресвета Богородица

(Пета недела по Педесетница)

 На 13ти јули  2020 година,

во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави

споменот на : Собор на Светите славни и сефални апостоли

 

 

 3.angeli.so.truba

На 13ти јули 2020 година, во петата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го прослави споменот на Собор на Светите славни и сефални апостоли,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината на храмот протоереј ставрофор Трајче Петковски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Отец Трајче во текот на Литургијата  произнесе беседа од житието  на дванаесетте апостоли.

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина:


Пeтар – 29 јуни и 16 јануари;
Тoма – 6oктoмври;
Андрeј – 30 нoeмври;
Матeј Eвангeлист – 16 нoeмври;
Јакoв Завeдeeв – 30 април;
Јакoв Алфeeв – 9 oктoмври;
Јoван Бoгoслoв – 26 сeптeмври и 8 мај;
Тадeј или Јуда Јакoвoв – 19јуни;
Филип – 14 нoeмври;
Симoн Зилoт – 10 мај;
Вартoлoмeј – 11 јуни и 25 август;
Матиј – 9август;
Павлe – 29 јуни.

Го спомна,  уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.

 3.angeli.so.truba 

 Поука на денот: Свети Силуан Атонски


Светиот Дух нe учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет. Велиш дека тој е злосторник и дека треба да гори во адскиот пламен. Но те прашувам јас тебе: ако Бог тебе ти даде добро место во рајот, а ти го гледаш во огнот оној кому си му пожелал да гори во маките, зарем тогаш не ќе ти биде жал за него, кој и да е тој, макар и да е непријател на Црквата?