3.angeli.so.truba

 

„Акатистот се чита во повеќе прилики, а не само во постот. Светогорското предание вели дека Пресвета Богородица им се јавила на повеќе светогорци и им објавила дека, оние кои секој ден ќе го читаат нејзиниот акатист, таа нема да ги остави сами ниту во овој живот, ниту на судот, туку Самата Таа ќе ги закрилува и нема да дозволи да бидат осудени. Затоа во манастирите се чита секој ден заедно со малото повечерие, а верниците го читаат во своите домови, особено во петок, бидејќи празникот „Животворен извор на Пресвета Богородица“ се слави во петок, и акатистите се читаат во петок, па така останал обичај во Црквата, секој петок да читаме акатист на Пресвета Богородица.“(извадок)