3.angeli.so.truba

  Скопје, 4ти март 2020 год.- храм на св.пророк Илија, н.Аеродром

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

На 4ти март 2020 год. во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

Свети Лав, епсикоп Катански,Светиот свештеномаченик Садок

3.angeli.so.truba

 Постејќи со телото, браќа, да постиме и со духот. Да се ослободиме од секоја беззакона врска; да раскинеме секаков насилно направен договор; да ги искинеме неправедните споразуми; да им дадеме леб на гладните и радо да ги прифатиме под покривот сиромасите бездомници, да примиме од Христа Бога голема милост.
Вечерна, Чиста среда

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Во Недела сиропусна, на 4ти март  2019 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на Свети Лав, епсикоп Катански,Светиот свештеномаченик Садок , во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот   Александар Брајановски  отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. Верниот народ се причести со Светите Христови  Тајни.Во беседата отецот упати порака Велигденскиот пост да го поминеме во молитва пост и покајание, да растеме во добрината , и не само во овој период, но тоа да е во 365 дена во годината.

 3.angeli.so.truba

  sv.efrem.sirin2.jpgПоуки од Светите отци: Со помош на овој свет пост, човекот се вознесува на небото и се стреми кон рајот, само ако пости во совршена чистота. Со овој свет постчовекот Го прославува Бога, а секому кој ревносно го чува постот, Он му ги отвора вратите на милосрдието.
Свети Ефрем Сирин

 Молитва:
 Господи, отвори ни ги срцата и очите за секогаш брзо да можеме да ги видиме потребите на ближните и да поитаме и да ги сослушаме и утешиме оние кои се во болест и тага. Секогаш да бидеме подготвени за доброволно и со љубов да притекнеме во помош на оние кои им треба, во слава на Името Твое. Амин.

 3.angeli.so.truba

    3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

+++