ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ИЗГРАДБА НА ХРАМОТ „ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ – ПРЕЧИСТА“ ВО НАСЕЛБА РАЧА
ОХРИД
Фалете Го со милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни...
(Псалми, 150,5)

Почитувани верници, драги браќа и сестри,

Да Ѝ благодариме на Пресвета Богородица што благоизволи да го обновиме овој преубав храм, кој е украс во нашето село и кој така хармонично се слеа во природните убавини што Бог ги дал овде.
Да се помолиме да ни даде сили целосно да го завршиме, да го живописаме и најпосле осветиме, а за тоа ќе треба да придонесеме сите. Затоа, знаејќи дека е бескрајна радоста во срцето на верникот кога во животот ќе му биде понудена можноста да дарува, Ве замолуваме и Ве повикуваме сите да ни помогнете со парични донации за доизградба на новиот храм.
Во моментот потребни ни се донатори и донации за купување на црковни камбани/ѕвона потребни за  камбанаријата при храмот. Црковните камбани овој пат нека бидат повик за нашата дарежливост. Да даруваме за да сите заедно еден ден бидеме сведоци на звукот на уште една камбанарија, а со тој чин и на пренесувањето на убавиот и радосен глас, на добра и блага вест за наскоро осветување на овој храм. Токму биењето на ѕвоната набрзо да го означат почетокот на богослужението на овој храм – за слава на Бога.
Да помогнеме за да набрзо го доизградиме и разубавиме новоподигнатиот храм Божји во населбата Рача- Охрид. Камбанаријата да ги добие своите камбани. А сите ние да се зарадуваме на нивното чукање.
Жиро сметка на манастирот е :
530-0003019 452-68 Пресвета Богородица - Пречиста во с.Велестово
Пресвета Богородица да не крепи во подвигот, да нѐ радува со нејзината неискажлива милост!