Скопје, 11.10.2019 год.-  храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 (16та недела по Педесетница)

Свето евангелие според светиот апостол Марко 12:1-12

 На 11ти октомври  2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

vozdvizenie.jpg

Преподобен Харитон Исповедник

 

 

 

 

 

Во шестнаесетата  недела по Педесетница, на  празникот на Преподобен Харитон Исповедник, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Љупчо Вељановски  отслужи  Божествена Литургија. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата, и во оваа седмица се направи мал петочет водосвет, а молитви кон Бог и благослов за верниот нарот упати отец Спасе Таковски.

 

 

 

 Свети Григориј Палама

Кога секоја во душата вселена страст ќе се отстрани од неа, а умот ќе се врати самиот на себеси, собирајќи ги целосно и сите други душевни сили, тогаш тој исполнувајќи ги добродетелите ја одобродетелува и душата, напредувајќи кон сѐ поголемо совршенство, склон кон натамошно искачување (сп. Пс. 84, 5). Уште повеќе, очистувајќи се и миејќи се со Божја помош, умот не само што се чисти од демонските наноси туку отстранува од себе и сѐ друго, дури и она што се чини вредносно и разумно. А штом ќе се издигне над сѐ духовно (интелегибилно) и над поимите на фантазијата за него, и богољубиво и побожно ќе се одрече од сѐ, тогаш, според кажаното, застанува „глув и безгласен“ пред Бога. Во таков миг го совладува законот на материјата и непречено се обликува во својот највозвишен облик, слободен од сѐ надворешно. Ова му го овозможува однатре благодатта, која преобразува на подобро, и што е уште почудесно, со неискажлива светлина ја просветлува внатрешноста на душата и го восовршува внатрешниот човек.

 

   

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

 

Друго:

 stefan.osvet6.jpg

Iverska.Portaitisa6.jpg

 Друго: