Молебен за благословување на новата учебна година (09.09.2019 20:03)



Денес, на празникот на светиот маченик Фануриј, заштитник на учениците, со благослов на Митрополитот Струмички Наум, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, беше отслужен Молебен за благословување на новата учебна година, на кој присуствуваа голем број првачиња, ученици и просветни работници.



„Милостив Боже, Ти си вечната Премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на Твојот Свет Дух, за да се просветли мојот ум и моето срце, и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Зашто, со Твојата благодатна помош полесно ќе го усвојувам полезното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности. Нека биде мојата душа секогаш отворена за добрата наука и за вистинското знаење. Со нив да го збогатам мојот ум, да го облагородам моето срце, да Те познаам Тебе, вистинската Мудрост и Добрина, и да им послужам на блиските и на народот мој. Амин.“

 

 

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7149