Скопје, 2ри септември 2019 лето Господово- Соборен храм на св.Климент Охридски

 

 

 

 

На 2-ри септември  2019, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Светиот пророк Самуил,Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес , во Соборниот храм на св.Климент Охридски во Скопје, Свештеникот  Стефчо Беќарски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

 

 

Поука на денот: Свети Ефрем Сирин


Човекот кој трпеливо поднесува кога го озборуваат или навредуваат личи на оној кој го заклучил лавот во кафез, а оној кој одговара со озборување и со навреди, личи на човек којшто самиот себеси се удира (со оружје).

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

Лето Господово 2019

 

Друго: