Скопје,18ти август 2019 год.- храм на св.вмч. Димитриј

Свети Дијадох, епископ Фотикиски

Благодатта ја крие својата присутност во оној што е крстен, чекајќи душата да ја посака. Кога пак, целиот човек наполно ќе се сврти кон Бог, тогаш во неискажливо доживување благодатта открива дека е присутна во срцето... Ако човекот почне да напредува држејќи се до заповедите и неуморно повикувајќи го Името на Господ Исус Христос, тогаш се разгорува огнот на божествената благодат до крајните граници на срцето, спалувајќи го јасно и видливо целиот какол на земјата на човековото битие...

 

На 18ти август 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

Светиот маченик Евсигниј, Светиот свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски, Светиот маченик Понтиј

 

 

 На 18ти август 2019 година, во деветата недела по Педесетница,кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот маченик Евсигниј, светиот свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски, светиот маченик Понтиј, овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  отец Томе Атанасовски  отслужи Божествена Литургија.Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: