Скопје, 8ти август 2019 год.- храм на св.пророк Илија, н.Аеродром

 

На 8ми август 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

Светиот свештеномаченик Ермолај; Преподобната маченичка Параскева

 

 

 Во седмата недела по Педесетница, на  8ми  август  2019 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на  Светиот свештеномаченик Ермолај; Преподобната маченичка Параскева, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот   Александар Брајановски  отслужи Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови  Тајни.

 

 Поука на денот: Авва Исаија
Мисли си во себе: „Денешниов ден ми е последен на овој свет“, и така ќе се спасиш од гревот.

авва Макариј Александриски

Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа... Избавувајќи нè (со благодатта на Крштението) од секое насилие, Христос Господ не забранил помислите да се прикрадуваат во нашето срце, за да може едните како омразени на срцето веднаш да бидат истребени, а другите, како омилени, да останат. Со тоа се покажува и благодатта Христова и волјата човекова, т.е. неговата љубов – или кон подвигот заради благодатта или кон помислите заради самоугодување...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Друго: