с.Љубанци, 4ти август 2019- манастир на св. Никола

 

 

 

 

 

 

 

 

 Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 9:27-35

27.     А кога Исус си одеше оттаму, тргнаа по Него двајца слепи и викаа: „Помилуј нe, Исусе, сине Давидов!”
28.     А штом дојде в куќи, слепците се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?” Тие му рекоа: „Да, Господи!”
29.     Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ваша!”
30.     И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте никој да не узнае!”
31.     А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.
32.     Додека тие излегуваа, ете, доведоа при Него еден човек нем и бесен.
33.     По изгонувањето на бесот, немиот проговори. А народот се чудеше и говореше: „Никогаш такво нешто не станало во Израилот!”
34.     А фарисеите велеа: „Он ги изгонува бесовите со силата на началникот на ѓаволите.”
35.     И одеше Исус по сите градови и села, и проучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот.

 

 Во седмата недела по Педесетница,на денот кога МПЦ-ОА молитвено  го прслави споменот на  св.Марија Магдалина, во манастирската црква на св. Никола во с.Љубанци (скопско),свештеникот  Аговски Звонко отслужи   Божествена  Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Толкувајќи го денешното Евангелие на царството посочи да се е според нашата вера,дека е потребна постојана борба со нашето  духовното слепило  како би можеле да победуваме во таа борба да  би  се здобиеме со Царството небесно.

 

 

 

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Љубовта се познава преку Светиот Дух. А душата Го препознава во мирот и во сладоста. О, колку сме должни ние да Му благодариме на Бога за тоа што многу нe љуби. Размислете, возљубени браќа: Господ ? го дава Светиот Дух на грешната душа, ? дава да ја познае Неговата милост. За да Го познаеме Бога не ни треба богатство. Треба само да го љубиме ближниот и да го имаме смирениот дух, воздржание и послушание, и за тие добри дела Господ ќе ни даде да Го познаеме. А што може да биде на светот поскапоцено од тоа познание?

 

 

 

 

 

 

Ова се темелите од новиот манастирски конак.

Пред неколку години конакот е  внесен во програмата за изградба на Министерството за култура.

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго:

Божествена Литургија во манастирот на св.Никола (22.05.2018)

Литургија на Претходноосветени дарови, манастир на св. Никола, с.Љубанци (07.03.2018)

Josif.Evpra.jpg

На денот на св. Никола, Божествена Литургија во манастирот св. Никола, с. Љубанци (22,05.2013)

Божествена Литургија - во храм Св. Петка , с.Побожје (скопско)

Божествена Литургија во манастирот Св. Никола с. Љубанци (скопско)- 05. 08. 2007 г.

 

Друго: