Во славно Врбјани-охридско  
Венци пофалби за  Благодатната која го носеше Носителот на сѐ
Во храмот на св.вмч. Ѓеорѓиј

На 07.04.2019 година, во Неделаата на св.Јован Лествичник, а на празникот Свето Благовештение, во храмот на Св Ѓеорѓиј  во охридското село Врбјани, отец  Александар Димоски во сослужение на ѓакон Павле Малинов отслужи света Василиева Литургија, на која верниот народ  се причести со  Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Bо ова древно светилиште во кое го соѕидале нашите претци, оваа година првпат после 30 години се слушна

Господи помилуј!

 

 Подготви: Дејан Блажески

Фото: М. Димоска

 

Друго:

Црквата Свети Ѓорѓија во село Врбјани, според преданијата на старите жители Ристо Сиљанов, Спиро Ставрев, Крсте Ќемалоски, Стојан Донески и други, била градена од 1322 до 1340 година. Црквата Свети Ѓорѓија требала да биде осветена во 1345 година од Охридскиот Архиепископ Николај, кој бил поканет да ја освети црквата. Во меѓувреме Охридскиот Архиепископ Николај добил покана да оди во Скопје и да го круниса српскиот цар Душан Силни и Архиепископот Николај да му ја стави круната на глава на царот Душан Силни, како најстара Архиепископија, иако постоела и Пеќката Архиепископија.



Црквата Свети Ѓорѓија е осветена во 1605 година (и тоа несигурно бидејќи дел од летописот со годината е одлепен со малтерот а асоцира на 1606 година). Според кажувањата на старите селани дека црквата била изградена а неосветена 300 години (се совпаѓа 1340 до 1605 година), како доказ се фреските на јужната страна на олтарот Свети Сава и Свети Симеон - столбник српски. Заклучок е дека црквата Свети Ѓорѓија е градена од 1322 до 1340 година зашто не е можно фреската на Свети Сава да биде донесена подоцна во 16 век, кога турското владеење било големо и турците биле семоќни господари. Црквата Свети Ѓорѓија била изгорена а иконите издупени со шајки по очите на светците од турски војници. Селанецот Доне Донески бил скриен во една капина до црквата и гледал што прават турските војници, отишол кај Јумбашијата (турски командант) и го известил што направиле неговите војници во црквата и војниците биле повикани и камшикувани. Во 1903 година после илинденското востание целото село е запалено и тогаш е изгорена и црквата со иконостасот. Иконостасот во црквата Свети Ѓорѓија е обновен во 1916 година, и него го имаат работено браќата Ѓоре и Доне од мијачкото село Гари.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D1%80%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8