Скопје, 2-ри април 2019 г.-Соборен храм Свети Климент Охридски

 

 

 

 

 

На 2-ри април 2019 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во Скопје, по Вечерната богослужба,о Зоран Копчаревски во сослужение на свештенството на МПЦ-ОА, отслужи  Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј беше отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

 

Кондак 2
Од мудроста на свети Климент напоен, и со монашката рев-

ност на свети Наум задоен, Бог од Охрид те изведе и
кон север, во Скопје те доведе. Оттаму посака Нему да Му служиш и

на родот Негов утеха да му пружиш. Занемени од Божјата љубов што кон

тебе се изли, низ солзи и ние кон Христа пееме: Али-

лу ја!

Икос 2

Како некогаш богобојазливиот старец Никодим, така и сега

преподобниот Јоаникиј преку молитвата со Христа тајно

беседи. Жеден за вечноста, од суетата на светот се откажа и се-

која земна наслада како ништожна ја покажа. Монашки подвиг

возљуби и светот го отфрли. Не наоѓајќи збор во својата уста,

преподобен отче, за твојата ревност да ја воспееме, тивко гово-

риме:

Радувај се, охридски мудрецу!

Радувај се, ракотински пустинику!

Радувај се, минливите задоволства ги презре!

Радувај се, повикот на љубовта го возљуби!

Радувај се, Христов собеседнику!

Радувај се, на ангелите сослужителу!

Радувај се, на спасителниот закон исполнителу!

Радувај се, нов Христов проповеднику!

Радувај се, на народот наш утешителу!

Радувај се, огнен молитвенику!

Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

По милоста Божја и со содејство на
Предвечната и Единосуштна Троица,
овој акатист се состави и заврши на 27 јули 2017
во денот на светиот Сампсон Странопримец,
во најсветиот град Охрид.


 http://preminportal.com.mk/pdf/Akatist_na_prepodoben_Joanikij_Raotinski.pdf

 

 Акатист на преподобниот отец наш Јоаникиј Ракотински (.PDF)

Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА

Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (22.05.2018) ...

 

 

Друго:

Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан, во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

Со љубов во Христа,
Скопска православна епархија

 ПреминПортал (A.T.Р.)