uciliste.r.jpg

Денес кога Светата православна црква го празнува споменот на св. Кирил Александриски, по завршетокот на светата Литургија и официално заврши учебната година во неделното училиште при црковната општина Пресвета Богородица во Лос Ангелес.

Ова е прва генерација на деца кои се запознаа со својот прадедовски јазик Македонскиот и со својата православна вера. Благодарение на несебичното залаганје на учителките Кони и Сузе, а пред се и на љубовта кон децата, тие дадоа се одсебе за што полесно децата да го научат Македонското кирилично писмо, а повеќето од нив веќе и читаат на Македонски. Веднаш по завршувањето на светата Литургија, дечињата предводени од своите учителки, остануваа уште половина час во црквата за да може што повеќе да научат  за својата православна вера. Не ретко се случуваше да пројават  интерес и присуство  и нивните родители, кои исто така со внимание ги следеа предавањата за нашата вера.

Ретко задоволство е да се види со какво внимание се следи наставата и како децата брго учат.

uciliste.r1.jpg

 Затоа во знак на благодарност кон учениците за посетата на неделното училиште, оваа година организирано го посетивме Дизни ленд и заедно се дружевме цел ден,  учениците и учителките со нивниот свештеник, а за идната година, бидејки разбирањето и соработката на Управниот одбор и членството се на одлично ниво, се договоривме пак заедницки да го посетиме гробот на Светиот Јован Сангајски, кој се наоѓа во Сан Франциско.

 

uciliste.r2.jpg
За Преминпортал од Лос Ангелес,
о. Ристо Ристовски