Скопје, 16ти декември 2018 г.- храм на св. пророк Илија

 

 На 16ти декември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Светиот пророк Софониј
  • Свети Јован Молчалник
  • Светиот свештеномаченик Теодор, архиепископ Александриски

 

 

 

 

 

Во дваесетидеветата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на светиот пророк Софониј,свети Јован Молчалник,светиот свештеномаченик Теодор, архиепископ Александриски, во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, свешеникот Диме Малинов во сослужение на свештеникот Васил Крстовски и ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата о. Васил го протолкува денешното Евангелие

 

 

 Кога го собираме нашиот ум, секој од нас, нека го помоли Бога да ни даде дух на послушание на Неговата волја и сите да нè благословува. Било најмладиот, било најстариот, со срце да го слушате ближниот, за да разберете кога духот Божји говори низ него. Еден дваесетгодишен ѓакон – Свети Атанасиј Велики – а не патријарсите, ниту епископите или другите маченици, беше оној што го воведе поимот едносуштен, на Првиот Вселенски Собор 325 година, за да го определи односот помеѓу Отецот и Синот во Света Троица. Но, за да го достигнеме ова, треба да вложиме труд, а ќе го постигнеме само со послушание! Не поставувајќи се над својот ближен, туку служејќи му, стануваме подобни на Господа. Христос ни го покажа патот во ноќта на Тајната Вечера. Беше Господ, а им ги миеше нозете на Своите ученици! - Старец Софрониј

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 

 Друго: