Скопје, 14-ти декември  2018- храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 На 14-ти декември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Светиот пророк Наум
  • Свети Филарет Милостив

 

На 14.12.2018 година, кога Светата  Црквата молитвено го прославува споменот на Светиот пророк Наум,Свети Филарет Милостив,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Игор Димитриевски во сослужение на ѓаконот Михаил Манојлов отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа за житието на денешните светители. Протоереј Љупчо Вејлановски  отслужи мал петочен водосвет.

 

 

 

 

 

 

 

Старец Софрониј

Духовното послушание е неопходно во секојдневниот живот! Да ја претпочитате волјата на другиот, повеќе, отколку вашата! Да го примите со потврден став секое барање на вашиот духовник, на еден брат или на една сестра, така што ќе создадете лека-полека, внатре во вас и околу вас една благопријатна атмосфера и вашето срце ќе стане многу меко, многу чувствително на секое внатрешно движење, на сите духовни промени. Со послушание, срцето постојано станува сè почувствително, за животот на другите, за нивните страданија, за нивниот напредок и за нивните потреби.

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: