Скопје, 13-ти  декември  2018 лето Господово- храм на св.Јован Кртител, н.Капиштец, молитвено се прослави споменот на:

  • Светиот апостол Андреј Првоповиканиот 

 “На апoстoлитe им e дадeнo сè”, вeли св. Златoуст, т.e. ситe дарoви, сeта сила, сeта пoлнoта на благoдат штo вooпштo oд Бoга сe дава на вeрницитe. Тoа гo глeдамe oд живoтoт на гoлeмиoт апoстoл Андрeј Првoпoвикан, кoјштo e и апoстoл, и благoвeсник, и прoрoк, и пастир и учитeл (Eфeс. 4:11).

 На 13-ти декември 2018 година, во дваесиосмата  недела по  Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на Светиот апостол Андреј Првоповиканиот,ереј Игор Острески  отслужи Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, во скопската населба Капиштец.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот од Литургијата отецот во словото за денешниот светител не упати во неговото житие..

 

 

 

 

 

 

 

ереј Игор Острески:

 „Светиот апостол Андреј се нарекува Првоповикан, бидејќи прв од апостолите бил повикан да тргне и да го следи Христа. Уште од рани години бил жеден за божјата вистина, и кога Јован Крстител се јавил во Јудеја, тој веднаш станал еден од неговите ученици. Кога Јован Крстител покажувајќи кон Исус рекол: Ете Го Јагнето Божјо, Андреј стоел на брегот од реката Јордан, слушнал и веднаш тргнал да го следи Спасителот. По ова тој го повикува својот брат Симон (Петар), да му ја соопшти радосната вест, и му рече: „Го најдовме Месијата" и го довел при Христа. Името на св. Ап. Андреј во светото Евангелие се сретнува често. За него се спомнува во чудото за нахранувањето на народот со петте леба, исто така се спомнува со тројца други апостоли кога го прашуваат Господа за идната судбина на Црквата и разрушувањето на Ерусалим.
Кога апостолите тргнале на разни страни да го проповедаат Евангелието, ап. Андреј се упатил кон северните страни. Преку Грција, Мала Азија, Македонија и Црното море тој стигнал до Русија. Целиот свој живот го посветил на проповед. Со големо трпение го поднесувал гонењето од јазичниците и секаде со своето слово, чуда и примерен живот придобивал нови Христови следбеници.
Во Византија постави прв епископ во лицето на свети Стахиј; во Киев забоде крст на високо и прорече блескава христијанска иднина за рускиот народ; во Тракија, Епир, Грција и Пелопонез преведе во верата мноштво народ и им постави епископи и свештеници. Посетувајќи ги градовите низ Грција, тој веќе во поодминати години дошол и до градот Патра, каде што го проповедал Божјото слово. Многу од жителите во градот кога ја слушнале евангелската проповед, ги оставиле идолите и се преобратиле кон вистинскиот Бог. Мегу нив била и жената на царскиот намесник Егеат.
Разјарен заради ова, Егеат го подложи свети Андреј на маки, а потоа го распна на крст во форма на буквата Х.Затоа овај крст го добил името Андреев крст. Неколку илјади души се побуниле против ваквата наредба на Егеат, и почнале да извикуваат: Каков грев стори овој праведник, овој Божји пријател, што го водите на распнување.? Но ап. Андреј го смирувал народот и со радост одел кон својата смрт. Егеат уплашен од ваквиот бунт наредил да го симнат од крстот, но Андреј кога ги видел, се спротивставил и рекол дека не сака да го симнат од крстот туку да го распнат. Додека беше жив на крстот, апостолот им кажуваше на христијаните што се беа собрале околу неговиот крст корисни поуки. Народот сакаше да го симне од крстот, но тој се спротивстави на тоа. Најпосле апостолот почна да Му се моли на Бога и притоа некоја необична светлина го заблесна целиот. Тоа светло озарување траеше околу половина час, а кога исчезна, апостолот Му ја предаде својата душа на Господа. Тогаш христијаните го погребале телото на св. Ап. Андреј а по неколку дена Егеат се самоубил. Додека неговата жена и братот негов се до пред својата смрт го посетувале често гробот на ап. Андреј, живеејќи и служејќи му на Бога и на бедните. Денес моштите на ап. Андреј се наогаат во Италија во градот Амалта, чесната глава се наоѓа во Рим а едната рака во Мосва.

По молитвите на твојот апостол Христе Боже наш, помилуј не и спаси не. Амин.“
 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: