На денот кога Светата Божја Црква ги празнува светиот цар Константин и царица Елена, кој оваа година е и ден на Поклади пред Петровденскиот пост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Европски г.Пимен, чиноначалствуваше со Божествената Литургија која се отслужи во МПЦО Св. Кирил и Методиј во Дортмунд-Германија.

 
Откако новиот Управен Одбор даде заклетва пред Неговото Високопреосвештенство г. Пимен,а со тоа и пред Бога, сите заедно се фотографираа  пред иконостасот во Црквата.

 
 


Потоа сите присутни земаа учество на богато подготвената заедничка трпеза.




Известува:

Миланка Тошева